Јапонија е друг свет – Се плаќа за разговор и прегратка, се изнајмува лажно семејство за викенд

- Занимливо
1082

Трендовите кои моментално се актуелни во Јапонија се сосема „друг свет“ за нашите простори, но никогаш не се знае, бидејќи и караоке порано беше само Јапонска забава. Верувале или не во оваа земја  постојат силиконски кукли наместо девојки од крв и месо. Мажите кои се разочарани од врските или не можат да најдат партнерка во своите домови имаат силиконски кукли во човекова величина. Дел од Јапонците за тамошните медиуми изјавиле дека тоа според нив е девојка која не бара пари и подароци и нема да биде љубоморна.

Плаќање за разговор и прегратка.

Луѓето во Јапонија се подготвени да платат за разговор или прегратка. Многу популарна пракса е „enjo-kosai„-односи во кои постари мажи на девојките им даваат луксузни поклони само за да се дружат со нив на пријателска база.

Виртуелни вереници

Во Јапонија, една од технолошки најразвиените земји во светот, можно е да се биде во врска со ликови од виртуелниот свет, а со нив можна е и венчавка. Таквите „девојки“ мажите ги покануваат на состанок и им купуваат подароци, а постојат и специјализирани места за венчавка на кои покрај уредите за виртуелна реалност дежураат свештеници и сведоци за склопување бракови.

Клубови со згодни моммци

Индустријата за борба против осаменост повеќе е посветена на припадниците на посилниот пол, но може да се најде по нешто и за дами. Таму постојат специјализирани клубови во кои работат млади и згодни момци чија задача е да ги забавуваат гостинките, со разговор и комплименти. Во такви клубови најчесто одат сингл девојки но и жени кои имаат семејство но сакаат внимание и разговор со некого.

Изнајмени семејства

Неоженетите Јапонци сакаат да изнајмуваат сопруга и деца за да имаат чувство дека имаат свое семејство. Уживаат додека изнајменото семејство ги чека дома да дојдат од работа. Најпопуларен тренд во Јапонија е да се изнајми семејство за викенд, и да се оди во парк или во шопинг. Тоа е една од најскапите но и најбарани  услуги во Јапонија – лажно семејство се плаќа 700 долори на час

Facebook Коментари