Ќе се врши ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

- Занимливо
1010

Судот во Мадрид одлучи да се изврши ексхумација на посмртните останки на познатиот шпански сликар-надреалист Салвадор Дали, со цел да се земат примероци за утврдување татковство на една жена.

Станува збор за Мариа Пилар Абел Мартинез, која е родена во 1956 година, и која од поодамна тврди дека Дали е нејзин биолошки татко, од љубовната афера на уметникот со нејзината мајка, која во 1955 година работела кај него како домашна прислужничка.

Истата година, мајката ја напуштила работата, се преселила во друг град и се омажила.

Во изјава за медиумите во Мадрид, Пилар истакнала дека нејзината мајка многупати, дури и пред други луѓе, зборувала дека нејзин биолошки татко е сликарот Дали.

Судијата на мадридскиот суд објаснил за шпанските весници дека ексхумацијата е неопходна, затоа што Дали нема биолошки потомци, ниту пак други работи кои би можеле да се користат во постапката.

Салвадор Дали почина во 1989 година, на 85-годишна возраст.

 

 

 

Facebook Коментари