Кои раси на кучиња се идеални за чување дома со семејството??

- Занимливо
2682

Иако љубовта на децата спрема кучињата е преголема некои раси неможат да го поднесат животот со малите деца.
Како што знаеме малите деца од незнаење или од преголема љубов често помислуваат дека кучињата се играчки,па понекогаш знаат да ги задушат како би ја покажале љубовта спрема нив.
Затоа ако имате деца и ви бараат да им купите куче,прочитајте кои раси на кучиња ги препорачуваат стручњаците како идеални за вашето семејство.

БОКСЕР – Една од неговите најдобри особини е тоа што боксерот ги обожава децата.
Иако и самиот е дете или во било која возраст и да биде, тој може да го замени секој другар на малиот.
Тие се многу поврзани за своите газди,и уживаат да бидат во повеќе луѓе.
Енергични и нежни како што им е потрбно на децата да можат да играат со него преку целиот ден.

МАСТИФ – На прв поглед секој че рече дека е тоа масивно куче но напротив ова куче е многу нежно со децата.
Мастифот е прав чувар на вашите деца и општо во домот и обожава да биде до децата во текот на ноќта.
Доколку намириса опасност, спремен е да го обори непријателот и да го држи на земја додека не дојде
помош.Најдобар телохранител и чувар на вашето семејство.

ЛАБРАДОР РЕТРИВЕР – Оваа раса е љубимец на милиони луѓе.Тој живее за тоа да ги задаволи децата.
Играта му е главната преокупација а покрај тоа тој е и одличен пливач па вашите деца ќе уживаат со него
додека пливаат.Тој е права дадилка и децата многу ќе го сакаат како и тој нив.

ДАЛМАТИНЕЦ – Енергично куче кое непрекинато може да игра.Вашите деца ќе уживаат во долготрајната игра.
Исто така е доста активно и забавно во прошетките а тоа е нешто најубаво.
Навечер спие блиску до вашите деца преземајќи ја одговорноста за нав како чувар.
2222

ЗЛАТЕН РЕТРИВЕР – Активен,енергичен и доста пријателски настроен кон децата.
Оваа раса е често првата која ја одбираат семејствата а тоа е правиот избор.
Интелегентно куче кое секогаш ќе ги задоволува на сопствениците и семејството.
Обожаваат да играат со деца.

БОРДОШКА ДОГА – Ова куче е едно од најсмирените и вистински чувар на вашите деца кои ги гледа како негови.
Многу нежен во игрите а воедно постојано мотри на опасности,вистински чувар.

Facebook Коментари