Откриваме неколку детали од приватниот живот на Џастин Чемберс , кој се прослави како доктор Карев во популарната серија „Вовед во анатомија“. Сигурно не знаете дека е татко на пет деца, јогин и сака да чита верски книги.
Со својата сопруга Кејша е во брак од 1993 година, а се запознале во модниот свет. Кејша работела како моден агент а доктор Карев како модел.
“Толку време сме заедно што не би можел да си го замислам животот без неа. Секоја врска има подеми и падови. Среќен сум што низ нив поминувам со неа“ – вели Џастин
Парот има пет деца – „Куќата ни е како ноќен клуб! Имаме се што е потребно: гласна музика, гужва и хаос“ – се шегува актерот.
Џастин е роден во Охајо и има брат близнак. Пред да стане дел од sвездите на „Вовед во анатомија“ работел како модел , а меѓудругото од посебно значење е неговата кампања за брендот „Kelvin Klajn“.
Познат е по тоа што на читање на филмските сценарија оди со очила за сонце .
„Изгледа неверојатно. Во просторијата влегува со шешир и очила за сонце. Ако јас тоа го направам, најверојатно би изгледала урнебесно, но нему тоа добро му стои. На него се изгледа добро“ – изјавила неговата колешка Kamila Ludington која во серијата ја игра неговата девојка Џо.
Доктор Алекс Карев приватно се занимава со јога, а истовремено ја чита Библијата.
Има неколку тетоважи, вклучувајќи ги имињата на неговата сопруга и децата.
Во 2008 година одел на психијатриски сеанси бидејќи имал проблем со несоница.
Facebook Коментари