Ако мислите дека во вашиот крај е зимата ладна и оштра би требало да ги посетите овие двe руски места во кои температурата паѓа и до -50 степени.
Додека повеќето од нас се ежат на самата помисла на ладната зима на светот постојат луѓе кои живеат ма екстремно ниски температури.
Така во некои делови од Русија животот се одвива и функционира дури и на -50 степени Целзиусови,и кога температурата оди под тоа тие тогаш викаат дека им е ладно.
ОЈМЈАКОН – РУСИЈА -71,2 степени
Селото Ојмјакон на далечниот исток на Русија е најладната точка на планетата.
Просечната температура во Јануар во ова село изнесува -50 степени, а најниската забележана температура во ова место е дури -70,4 степени.
Во ова село живеат околу 500 жители и се карактеризираат како најдоговечни луѓе. Тие се хранат претежно со риба и месо од ирвас а во единствената продавница во селото можат да ги купат и останатите намирници.
Зеленчук и овошје јадат само ако некој им донесе затоа што немаат услови да ги одгледуваат.
Наспроти сето ова во селото нема изгладнати и неисхранети, а тоа се должело на тоа дека тие внесувале доста полномасно млеко од крава викаат лекарите.
На студ под 50 степени за неколку секунди може да ти замрзне лицето ако не го заштитите со нешто.
Живата во термометарот се замрзнува и ако истурете врела вода во воздух веднаш се претвора во снежен облак.На толкава ладна температура е многу тешко да ви запали колата а доколку запалила и сте тргнале тогаш наредните неколку километри морате да возите само право затоа што во прилика да свртите може да ви отпадне тркалото.
ЈАКУТСК – Русија – 52 степени
Градот Јакутск е сместено исто на далечниот исток на Русија и тамо животот си тече нормално дури и на -53 степени. Се наоѓа на 4.888 километри од Москва во најоддалечениот крај на Сибир а во градот живеат 200.000 жители кои водат нормален живот.
Гардеробата ја прават исклучиво од крзно бидејќи никој друг материјал неможел да ги стопли.
На посетителите не им се препорачува да носат очила затоа што оквирот замрзнува и се лепи на лицето.
Исхраната претежно се базира на коњско и месо од ирвас затоа што дава енергија а и испивањето на водка во градот не е запоставено.
Се во градот функционира нормално, народот оди на работа а градежниците мора да чекаат температурата да дојде до -50 степени за да можат да работаат бидејќи металот пука ако е поладно од -50,децата на училиште одат и на -55 степени.
Меѓутоа во летните периоди овде температурата достигнува до +30 степени.
Facebook Коментари