Koj се смее на своја, а кој на туѓа сметка? – Астро – духовитост

- Занимливо
1212

Овните  најчесто претеруваат, Биковите ги слушаат шегите на другите, Скорпијата сака црн хумор. Некои сакаат да се шегуваат на своја, а некои на туѓа сметка.

Овен – Со овните владее планетата Марс, поради агресивноста на оваа планета тие најмногу сакаат да исмеваат некој друг. Гласно се смеaт, самоуверени се,  а  такви се и нивните шеги. Од друга страна, има многу високо его и не прифаќа шега на своја сметка.

Бик – Хуморот на Биковите е суптилен, во граници на добрите манири и доброто однесување. Тоа е така бидејќи со Биковите владее Венера. Припадниците на овој знак умеат да истрпат шега на нивна сметка, но сепак се пречувствителни на таа тема.

Близнаци – Близнаците многу сакаат да се шегуваат. Некогаш шегите им се интелектуални, но знаат и да бидат многу под саканото ниво – но никогаш не се злобни. Тие сами по себе се смешни. Без разлика дали знаат добро да кажат виц или не, нивниот живот е секогаш полн со позитивни погледи кон светот.

Рак – Раковите повеќе би сакале да слушаат шеги, а кога се шегуваат тоа никогаш не го прават на вулгарен начин. Раковите се многу посветени на семејството и се свесни колку зборовите можат некого да повредат без разлика дали се кажани на шега или не.

Лав: Лавот е забавувач, многу сака да ги засмејува луѓето околу себе. Многу е духовит кога сака да биде. Лавот секогаш добива аплаузи после кажаните шеги.

Девица: Не може да се каже дека Девиците сакаат да се шегуваат. Понекогаш е тешко од нив да се извлече насмевка. Чувството на помала вредност секогаш ја спречува девицата да се опушти. Но, доколку ја слушнете како се смее на глас, значи дека сте станале доволно блиски па пред вас нема проблем да се опушти. Сериозноста и е пречка во животот.

Вага – Како и останатите воздушни знаци, и Вагите понекогаш знаат да влезат „во елемент“ и да блеснат засмејувајќи ги другите. Со нив владее Венера, значи никогаш не користат вулгарни шеги. И во сериозни животни ситуации, припадниците на овој знак ќе најдат смешна страна, но истата нема да ја поделат со другите.

Скорпија – Скорпијата е мрачна и таинствена по природа, но тоа не значи дека е неспособна за шега. Скорпиите знаат да бидат многу духовити, посебно ако се работи за црн хумор. Скорпиите често знаат да ги засмеваат своите пријатели до солзи.

Стрелец – Стрелците цело свое големо друштво го собираат благодарение на својата духовитост. Ако не можете да најдете ништо што ќе ве насмее, на помош повикајте стрелец.  Неговите гестови и неговото карикирање нема да ве остават рамнодушни. Со стрелците владее Јупитер, тоа значи дека имаат вроден оптимизам и смисла за хумор.

 

Јарец – Како поданици на Сатурн, јарците тешко разбираат шега, а уште потешко им е да ја смислат. Јарците обично немаат време за смеење и животот им е синоним за сериозност, поинаку е само во одредени периоди кога се под влијание на некоја интересна планета.

Водолија – Во смеењето Водолијата наоѓа само привремено бегство од сериозните животни теми. Припадниците на овој знак многу често менуваат расположение. Од друга страна се многу флексибилни, прифаќаат и традиционални шеги, но и црн хумор.

Риби – Ако во некој момент излезат од својата длабочина може и ќе се насмеат. Најчесто се смеат на своја сметка, или на туѓа шала. Не се којзнае колку духовити, но после некое тагување знаат од срце да се смеат на своите заблуди. Без разлика на се, рибите уживаат во  туѓата духовитост.

 

Facebook Коментари