Леонардо ДиКаприо ќе го глуми Леонардо да Винчи

- Занимливо
1016

Oскаровецот Леонардо Дикаприо ќе ја  глуми улогата на  италијанскиот  уметник, сликар, изумител, Леонардо да Винчи – пренесоа светските медиуми.

„Дедлајн“, објави дека филмот е базиран врз биографијата на Волтер Исаксон, а ќе биде продуциран од страна на продукциската куќа на Дикаприо.

Се чини оваа улога е создадена за него, бидејќи како што објавија светските медиуми Дикаприо името го добил според Давинчи, односно неговата мајка се одлучила за името Леонардно откако  додека таа гледала слика од Да Винчи во италијански музеј,  Дикаприо прв пат клоцнал во нејзината утроба.

Филмот ќе се работи според книгата на Валтер Исаксон, кој е познат по напишаните биографии за Алберт Ајнштајн, Стив Џобс, Бенџамин Френклин и други славни личности.

Филмот „Леонардо да Винчи“ ќе ја доживее својата премиера  на 17 октомври годинава.

Facebook Коментари