Лиза од Холандија веќе година и половина живее во Македонија, на својот блог таа објавува многу информации, знаменитости и занимливости од нашата земја. Но, меѓудругото објавува дел од македонскиот менталитет и начин на живеење кој најверојатно и изгледа малку чуден. На својот блог таа меѓудругото вели:
Се е во врска со храната. Главно прашање на денот е „што има за ручек или вечера?” Исто така, тие обожаваат да зборуваат за храна.
Тие не разбираат кога ќе им кажете дека сте најадени. Особено бабите во оваа земја ќе ве преполнат со храна и нема да прифатат „не” за одговор.
Тие целосно се менуваат кога влегуваат во автомобилот. Македонците во основа се многу љубезни луѓе, но возат како да ќе се самоубијат. Јас дури не ни претерувам за ова.
Немојте да се изненадите ако постарите генерации можат да разберат шпански. Порано гледале многу шпански серии и го научиле јазикот. Во денешно време, се чини дека сите гледаат турски серии, кои сериозно се многу лошо синхронизирани.
Тие постојано се жалат дека немаат пари, сепак сите кафулиња се секогаш полни.
Речиси 40 отсто од населението во Македонија ги троши последните пари за обложување на спорт. Можете да најдете околу 800 обложувалници, што е лудо, бидејќи само два милиони луѓе живеат овде!
Тротоарите се користат за паркирање, наместо за одење. И никогаш не возете на десната страна, бидејќи е наменета за автобуси и коли кои застануваат овде. Или пак, возат наназад на булевар… да, и ова е возможно во Македонија.
Секој има прекар, кој дури и не звучи како нивното вистинско име. Но, Македонците не се многу креативни со имињата. Најчести имиња се Александар и Ана. Така што, треба да има прекар за да не се јавите на погрешен Александар.
Извор: living-abroad.net
Фото: архива
Strugaonline
Facebook Коментари