Мистериозни фотографии кои ќе ве замислат

- Занимливо
1321

Низ историјата се снимени фотографии кои можат доста да ве замислат и заплашат, дали поради личностите прикажани на нив или заради приказната која се крие во позадина.Еве неколку од таквите фотографии кои никој не може да ги објасни.
патник  22
Оваа фотографија снимена во 1941 година го прикажува повторното отварање на мостот “Saut fork” во Британската Колумбија. Голем е интересот на интернет за неа баш поради мажот кој стои на средина на сликата, и изгледа како да залутал од некое друго време.
Неговата облека стајлингот, наочарите за сонце,камерата не носи до прашањето: Дали е ова патник низ времето? Сеуште не е потврдено дали се работи за фотошоп или можеби е погрешно датирана.

за сите
На прв поглед на оваа слика нема ништо страшно но непријатна е приказната која стои позади неа.На снимката е прикажан Англискиот правник и филозов Џереми Бентам кој починал 6 јули 1832 година во Лондон. Тој имал желба после смртта да биде мумифициран со методот на Новозеландските Маори.
Значи на сликата ја гледате неговата “мумија”. Неговата глава била уништена во процесот на мумифицирање па затоа е заменета со модел од восок.

апокалипса
На сликата се маса на деца и возрасни кои гледаат накај фотографот.Оваа фотографија е направена на јапонскиот остров Мијакеџи, кој во летото 2000 година го погоди серија земјотреси кои предизвикаа страшна ерупција на вулканите исфрлувајќи фрагменти на лава 10 километри во вис. Во Август истата година биле евакуирани околу 4000 жители од опасноста на паѓањето на лавина од блато и вулканска пепел.
Уште поопасен бил сумпур-диоксидот кој вулканот го исфрлал во големи количини.
Во 2005 година на жителите им беше дозволено да се вратат на островот иако концентрацијата на сумпур-диоксид и понатаму била висока па поради тоа морале да носат гас маски.

џозефин
Џозефин Миртл Корби е родена 1868 во округот Линколн (Тенеси) со генетско пореметување наречено “dipygus” имала две карлици,два пара нозе и два полови органи.
На само 13 години настапувала на специфични амерички представи, мешавина на циркус и панаѓур.
три нозе
На 19 години се мажи за Џејмс Клинтон Бикнела со кого имала пет деца од кои четири ќерки и еден син.Современиците ја опишуваат како паметна личност и доста талентирана за музика. Починала во 1928 година во Тексас.

Facebook Коментари