Ова не е бајка, туку вистинска приказна која го воодушеви светот и ја разбуди вербата во луѓето.
Едно дванаесетгодишно момче тажно гледало низ прозорот од една теретана додека на себе носело прибор за чистење на чевли.
Фотографијата стигнала до сопственикот на теретаната кој му дал на детето доживотно членство.
Сириското дете, 12 годишниот Мухамет Халит пребегал од војната која ја зафати Сирија во Турција каде заработува за живот со чистење чевли на улица. Фотографијата на која стои пред теретаната и со страст гледа внатре стигнала до сопственикот на теретаната кој одлучил на детето му подари доживотна чланарина, јавува Дејли Меил.
Един Доџан, сопственикот на теретаната, изјавил дека, штом ја видел фотографијата, скал да му помогне на детето и да му понуди доживотна чланарина. Тоа и го направил.
Детето се воодушевило и со радост ја прифатило понудата.
– Од секогаш сум сакал да ослабам и сега конечно верувам дека го можам тоа со вежбањето, изјаило детето.
Извор: Сител
Facebook Коментари