Мотивација на денот: Деветгодишно момче аплицирало за работа во НАСА – прочитајте го неговото оригинално писмо и одговорот од НАСА

- Занимливо
1546

Џек Дејвис e 9-годишно момченце кое аплицирало за работа во НАСА за позицијата „чувар на галаксијата“. Писмото кое Џек го испратил како апликација за работното место ќе ве разнежни и насмевне:

Драга НАСА,

Јас се викам Џек Дејвис и би сакал да се пријавам за работата како офицер за планетарна заштита. Можеби имам само 9 години, но мислам дека ќе одговарам за работата. Една од причините е тоа што сестра ми ми кажува дека сум вознемјанин. Исто така, ги имам изгледано речиси сите вселенски и вонземјански филмови што постојат. Исто така, ја имам гледано серијата „Агентите на Ш.Т.И.Т.“ и се надевам дека ќе го гледам и филмот „Луѓе во црно“. Одлично играм видеоигри. Млад сум, така што би можел да научам да размислувам како вонземјанин.

Со почит,

Џек Дејвис

Чувар на галаксијата

Четврто одделение

Откако ова оригинално писмо, благодарение на популарноста на социјалните мрежи стигнало до  директорот на планетарната научна дивизија во НАСА , директорот му го испратил следниов одговор на младиот Џек Дејвис:

– Слушнав дека си „чувар на галаксијата“ и дека си заинтересиран да станеш офицер за планетарна заштита во НАСА. Тоа е супер! Позицијата на офицер на планетарна заштита е многу кул и важна работа. Тоа значи заштита на Земјата од мали микроби што ги носиме како примероци кога се враќаме од Месечината, астероидите и Марс. Исто така, треба да ги заштитуваме другите планети и месечината од нашите бактерии, бидејќи ние сакаме одговорно да го истражуваме сончевиот систем. Секогаш бараме паметни идни научници и инженери за да ни помогнат, така што се надевам дека многу ќе учиш и ќе постигнуваш одличен успех на училиште. Се надеваме дека еден ден ќе те видиме во НАСА!

Со почит,

Доктор Џејмс Л. Грин

Facebook Коментари