Лев банер Десен банер

Најсреќни луѓе се оние кои живеат во Мелбурн

Според истражувањето на порталот „Тајм аут“, во кое што учествуваа 15 илјади лица од 32 светски престолнини, покажаа дека Мелбурн е најсреќен град на светот.

Според Индексот на градски живот, овој австралиски град е на четвртата позиција како највозбудлив град на светот, веднаш по Чикаго, Њујорк и Порт.

Градовите се рангирани врз основа на оценки во седум различни категории: храна и пијалок, култура, социјална заедница и социјални односи, соседство, цени, среќа и степен за погодност за живот.

Околу 90 отсто од жителите на Мелбурн уживаат во живото во овој град, а девет од 10 лица изјавиле дека биле среќни во последните 24 часа.

Магазинот „Економист“ исто така го прогласи Мелбурн за најпогоден град за живот во 2017 година, а оваа награда ја добива седми пат по ред.

Дубаи е прогласен за град со најдолго работно време, Вашингтон има најголем број на самци на сцената за забава, Њујорк има најдобар ноќен живот и стрес, Париз има најненаспани жители.

Извор: А1он

 

error: