Холивудската ѕвезда Николас Кејџ пристигнува во Бугарија за снимањето на нов филм, соопшти “Њу Бојана”.
Проектот во кој ќе учествува е насловен “Two Eleven”, а снимањата стартуваат во март месец оваа година. Режисерот на проектот Јорк Шакалтон ќе дојде во Бугарија месец порано, за да почне со подготовките.
Се знае дека Кејџ, кој е внук на Френсис Форд Копола, ќе влезе во улогата на добриот полицаец во крим приказната која раскажува за грабеж на банка, што се случува во 80-тите.
На Кејџ му претстои и снимањето на следниот дел од серијалот “Непобедливите”, проектот на Millennium Films е во фаза комплетирање на сценариото и се очекува сетот да се смести исто така во Бугарија.
Facebook Коментари