Лоцирано на крајниот источен дел од Русија, во близина на реката Индигирка се наоѓа селото Ојмјакон. Ова населено место, во кое живеат околу 500-тини луѓе, може без двоумење да се каже дека е едно од најладните места на планетава.
Во текот на зимскиот период, особено месец јануари, температурите се спуштаат до -68°C, а за време на летниот период, кој и не трае така долго, дневните температури можа да се искачат до +30°C. Денот во летниот период трае околу 21 час, а преку зима само 3 часа. Поради ниските температури кои доминираат на ова место и е невозможно да опстане било кое растение, населението се храни со месо од ирвас и коњ. Звучи чудно, но кога е во прашање опстанок за живот и изложеност на вакви временски услови, најверојатно секој би прифатил да проба.
Facebook Коментари