Оваа држава остана без ѓубре!?

- Занимливо
695

Шведска е толку добра во рециклирање што веќе неколку години скоро воопшто не произведува ѓубре.

Оваа држава замислете увезува отпад од други држави само за нивните фабрики за рециклирање да продолжат со работа ,а вработените да не ги изгубат своите работни места.
Помалку од еден процент од ѓубрето настанато во Шведските домаќинства завршува во отпад,а тоа трае веќе пет години.Скоро цел отпад се рециклира и употребува одново и одново.
Зошто другите држави го праќаат отпадот на Шведска? Затоa што нивниот систем за рециклирање е далеку подобар и понапреден од сите во Европа.
Најголемата причина зошто е ова вака е постоењето на свеста за заштита на животната средина.
Шведска е една од првите земји која воведе голем данок на фосилните горива што ги донесе до тоа дека половина од производството на електрична енергија се добива од обновените ресурси.

Швеѓаните велат дека сакаат да го поминуваат времето во природа и свесни за тоа како да се решат и да се подобрат проблемите околу зачувувањето на животната средина.
Друго што ни е битно е да ја подигнеме свеста кај луѓето да не го фрлаат она што може да се рециклира и повторно да се употреби.

Facebook Коментари