Првата епизода од новата сезона на „Game of Thrones“ ги руши сите рекорди на гледаност

- Занимливо
966
Првата епизода од седмата сезона на ТВ серијата „Игра на тронови”, ги надмина сите рекорди на гледаност на HBO мрежата.

Преку многуте сервиси коишто ги пренесуваат ХБО каналите, првата епизода од седмата сезона ја гледале над 16 милиони луѓе, со што тоа е најгледаната премера на HBO на сите времиња. 

Aко се земе во предвид дека  првата епизода од минатата (шеста сезона) ја гледале околу осум милиони фанови, може јасно да се увиди разликата.

„Игра на тронови“ е една од најпопуларните серии во светот, а веќе по третата сезона ја симна од престолот дотогаш најгледаната HBO  серија „Сопранови”.

Серијата има цела армија страсни фанови кои се поистоветуваат со своите омилени ликови. Уште од првата сезона на „Игра на тронови“ беа промовирани видеа на кои се гледаат реакциите на фановите кои се случија најголемите „трагедии“ во серијата, посебно кога се случи т.н „Црвена свадба“.

Втората епизода од новата сезона на „Игра на тронови” ќе биде емитувана в понеделник, 24 јули.

Facebook Коментари