Последната, осма сезона од една од најпопуларните серии во светот „Game of Thrones“(Игра на Тронови) ќе биде емитувана во 2018 година. Многубројните фанови беа разочарани поради тоа што на оваа серија и се наближува крајот, се додека матичната куќа HBO не објави убави вести.
Имено, HBO потпишал договор со четворица писатели кои ќе му се придружат на авторот на книгите Џорџ Р. Р. Мартин, во развивање и создавање четири нови серии со слична тематика.
Стои отворено прашањето во каков однос ќе бидат овие четири серии со оригиналот: дали се негови продолженија, претходници, „деривати“, или комплементарни дела. Наведено е само дека секој проект ќе истражува „различни временски периоди на големиот и богат свет на Џорџ Р. Р. Мартин од неговиот книжевен серијал „Песни на лед и оган“.
Се уште нема информации и планови за премиерните датуми за емитување.
Facebook Коментари