Компанијата ХМД Глобал официјално на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона ја претстави долгоочекуваната современа верзија на легендарниот мобилен телефон „Нокиа 3310“.
Новиот уред ќе добие полесно и потенко тело во повеќе бои: жолта, црвена, сива и темно сина. Дизајнот на моделот е направен во лесно препознатливиот стил на производителот „Nokia“. Програмерите, дури, во бројните апликации ја вклучиле и познатата игра „змија“.
Моделот, инаку, е сосема скромен во однос на современите мобилни телефонски уреди според карактеристиките: 6,5 сантиметарски екран во боја и камера со резолуција од 2 мегапиксела, но сепак, како што забележува порталот, во едноставноста на телефонот и се состојат неговите главни предности.
Уредот работи на платформата Nokia’s Series 30+ и има слот за мемориска картичка microSD. Покрај тоа, обновениот модел на телефонот Nokia 3310 може да се пофали со способноста за биде не биде полнета 31 час.
Новиот телефон го создаде финската компанија ХМД Глобал, којашто има ексклузивно право да произведува производи под брендот Nokkia во текот на десет години. Моделот ќе биде пуштен во продажба во Европа во вториот квартал од годинава по цела од 49 евра.
Претходната верзија на моделот Nokia 3310 лансирана во септември 2000 година стана еден од најпопуларните во историјата на мобилната телефонија. Вкупно се продадени 126 милиони телефони од овој модел.
Facebook Коментари