После шест години од смртта на британската sвезда Ејми Вајнхаус, големо внимание кај јавноста предизвика изјавата на нејзиниот татко Мич Вајнхаус. Тој тврди духот на неговата ќерка често го посетува и често седи на ивицата на неговиот кревет во домот во Кент.
„Се случуваат многу чудни работи. Нејзиниот дух дојде во мојата соба и седна на ивицата на мојот кревет. Седи тука и ме гледа со нејзиното прекрасно лице. Станувам нервозен кога таа е тука, а Ејми на некој начин ме теши бидејќи знам дека е тука покрај мене.“ – изјавил Вајнхаус
Мич кажува дека непосредно по смртта, Ејми му се појавила во форма на кос, птица која што ја имаше истетовирано на раката.
– Недела дена откако почина, бев во куќата на мојата сестра. Беше ноќ, а птиците не летаат ноќе. Кос се удри во прозорецот, па го зедовме во куќата. Се подигна, слета помеѓу нас и започна да пее. Тогаш помислувате дека тоа е само птица, но тоа беше таа. Сигурен сум во тоа, вели Мич.
Британската пејачка Ејми Вајнхаус почина на 23 јули 2011. година во својот дом во Лондон, како последица од труење со алкохол.
Facebook Коментари