Вајолет Браун од Јамајка е најстарата жена на светот, еве ја нејзината тајна за долговечност

- Занимливо
979

Откако  во април годинава почина италијанката Ема Морено, најстарата жена на светот е Вајолет Браун (117) од Јамајка

Во интервју за „Џамејка Глинер“, таа раскажува за начиниот на живот кој го имала од раѓање до денес, и по нејзините изјави може да се заклучи дека долговечноста во нејзиниот случај не е поврзана со начинот на исхрана

– Денешните млади си живеат лесно – такси возилата и автобусите ги носат до каде ќе посакаат. Се е во прилог на нивната удобност. Кога јас бев млада, па и во позрела возраст, требаше да работам толку многу, што понекогаш, кога се навраќам на тоа, ми се плаче поради тешката работа што ја вршев за да го прехранам семејството… Секој ден боса минував по четири километри, за да донесам вода дома. Покрај тоа, одев на училиште и се грижев за помалите свои браќа и сестри, раскажува таа.

Таа е родена на 4 април 1900 година, а според нејзините изјави се чини дека многуте обврски, активниот живот и работата се клучот за здравје и долг живот.

Facebook Коментари