Вечното ривалство помеѓу Sumsung и Apple е прикажано во новата рекламна кампања на Samsung зa Galaxy Note 8. Во рекламата може да се забележи дека Samsung сака да ги прикаже недостатоците на својот ривал односно на iPhone, a најгрубо речено ги исмева фановите на iPhone.
Рекламата почнува во 2007 година, каде има долга редица од луѓе пред Apple продавницата по претставувањето на оригиналниот iPhone. Во видеото можеме да забележиме младо момче кое го купува уредот и го покажува на неговите другари. Потоа, во 2010, истото момчето го купува новиот iPhone 4, но кога се обидува да направи слика, на екранот му покажува дека нема меморија.
Три години подоцна, момчето купува iPhone 5s и се запознава со девојка која има Galaxy Note 3. Додека си ги разменуваат броевите, девојката го користи S Pen пенкалото за да го запише неговиот број и можеме да го видиме поголемиот екран на нејзиниот телефон. Во 2016 истото момче го чека iPhone 6s пред Apple продавницата, каде повторно има огромна редица и сите чекаат во дождот. Потоа, го гледаме момчето со неговата девојка пред езеро, каде и двајцата паѓаат во вода. Телефнот на девојката е во ред бидејќи го има Galaxy S7 кој е водоотпорен, а момчето се труди да го врати својот iPhone во живот ставајќи го во чинија со ориз.
Во 2017-та момчето го става својот iPhone во фиока и го купува новиот Galaxy Note 8. Насловот на видеото е “Growing Up,”, што предлага дека iPhone е за созреани мажи, а Galaxy Note 8 за мажи.
Facebook Коментари