(ВИДЕО) : Eмоција на денот – Ова бебе воодушеви седум милиони луѓе низ целиот свет

Во последниве неколку денови низ социјалните мрежи кружи видео од бебе кое плаче од среќа бидејќи за прв пат го слуша гласот на својата мајка.
Девојчето Чарли е родено со оштетен слух, а благодарение на брзата реакција на родителите и лекарите, брзо бил набавен слушен апарат за Чарли. Токму тој апарат го менува животот на ова бебенце, а тоа преку ова видео го виде целиот свет, а многумина и расплака.
Родителите на Чарли одлучиле да го снимаат моментот кога таа за прв пат ќе го чуе гласот на својата мајка која и кажува дека ја сака. Интересно е тоа што на прашањето – Дали кога ќе порасне ќе биде емотивна како неа бебето клима со главата. Видеото до сега го гледале седум милиони луѓе.

