(ВИДЕО): Македонските навивачи и еден гол на Стојанче Стоилов во најубавите моменти на ЕП во Хрватска
Изминативе неколку недели во фокусот на вниманието беше ЕП во ракомет кое се одржа во Хрватска. Навивање со љубов кон екипите, надежи за победа, пресврти, радост но и тага кои ги чувствуваат ракометарите и вистинските вљубеници во ракометот. EHF направи видео на оваа тема каде во 90 секунди ги собра највпечатливите моменти од првенството, а во него има инсерти од страсните навивачи од Македонија кои беа вистинска атракција и го привлекоа вниманието на медиумите и во Загреб и во Вараждин.

Во Look-back видеото можеме да видиме и еден прекрасен гол на Стојанче Стоилов кој го постигна во дуелот со Германија.
Селекцијата на Македонија на натпреварите во Вараждин покажа одлична игра и во Загреб отиде како непоразена репрезентација, но за жал потоа следуваа три порази во главната фаза и на крај заврши на 11-то место на првенството.
Strugaonline

