(ВИДЕО): На квиз загуби 100.000 евра, а одговорот на прашањето му го пишуваше на маицата

- Занимливо
967

Алберто од Шпанија никогаш нема да ги заборави околностите за време на неговото учество во квизот Ahora Caigo“, а ова издание на квизот нема да го заборави ниту јавноста. Алберто стигна до прашање кое ќе му донесеше 100.000 евра, и тој точно ќе одговореше само ако се сетеше каква маица носи на себе во тој момент. Прашањето беше : „Кој е Стивен Роџерс во филмот „The Avengers“?

Меѓу трите понудени одговори беа- доктор, господин и капетан. Момчето не го знаеше одговорот, иако му го пишуваше на маицата и кој знае колку пати гледал во него.

На маицата пишуваше „Стив Роџерс е капетан на Америка“.

Strugaonline

 

Facebook Коментари