На филмскиот фестивал во Торонто, ќе биде прикажан новиот документарен филм посветен на легендарниот гитарист Ерик Клептон.
Најновиот трејлер е веќе достапен за јавноста, односно е поставен на youtube каналот.
Б.Б Кинг, познат како крал на блуз-музиката во филмот посветен на Клептон има воодушевувачки пофални зборови за својот колега.
“Знаев дека сум различен, но не знаев зошто”, вели Клептон, додека неговите врсници кажуваат како направи успешна револуција во свирењето гитара.
Документарниот филм се вика „Life in 12 Bars“, а во него се откриени многу интимни моменти од приватниот живот на Ерик Клептон, вклучувајќи ја неговата зависност од дрога и алкохол, но и трагичната смрт на неговиот четиригодишен син Конор која се случила во 1991 година.
Продуцент на филмот е Лили Фини Занук, а премиерата на филмот е закажана за 10 – ти Февруари следната година.
Facebook Коментари