(ВИДЕО) Пријателство како на филм, се допишувале четриесет години без да се видат

- Занимливо
892

Иако неколку децении си испраќале писма без воопшто да се видат Џорџ Госон (56) и Лори Герц (54) се чувствуваат како да пораснале заедно.

„Inside Edition“ пренесува дека нивната приказна започнала кога Цорџ имал 14, а Лори 12 години, почнале да се допишуваат  преку организиран ланец на писма.

-Мислам дека во проектот секој требаше да напише шест писма и исто толку да добие назад, јас добив само едно. – изјавила Лори.

Потоа започнале да си испраќаат по едно писмо секој месец, и таа пракса траела 40 години. Оваа година, Џорџ најпосле ја посетил Лори. Тој и го покажал првото писмо кое таа му го иcпратила кога имала 12 години. Задоволството е обострано бидејќи и Лори, која е мајка на две деца, ги зачувала сите писма кои и ги испраќал Џорџ  и тоа по хронолошки редослед.

Не се сретнале до сега поради суеверието на Џорџ дека доколку се видат ќе ги следи несреќа. Но, на средбата Џорц признал дека всушност се плашел дека нема да и се допадне на Лори. Џорџ се спријателил и со сопругот на Лори и вели дека и тој се чувствува како член од нивното семејство.

Сопругот на Лори Џорџ го опишува како одамна изгубен член на семејството.

Џорџ и Лори гостувале во едно средно училиште за да им објаснат на средношколците како вистинско пријателство со децении се одржува благодарение на хартија, пенкало и пошта, денеска кога социјалните мрежи се составен дел од модерното живеење.

Facebook Коментари