Денес регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19

- Здравје, Македонија
327

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.430 тестови, а регистрирани се 83 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 45, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Прилеп , Кичево, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Штип, Гевгелија и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани се 79 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Битола – 15, Прилеп – 7, Куманово, Кавадарци и Велес – по 3, Охрид, Штип и Гевгелија – по 2, Берово, Ресен, Кичево, Крива Паланка и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 2 починати лица од Скопје (78г) и Струмица (62г) , едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 28.04 – 12.05.2022 година.

Направени се 1.430 тестови преку: ИЈЗ-187, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-18, ЦЈЗ Куманово-41, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-28, Авицена-28, Биотек-96, Систина-39, лабораторија Лаор-22, Синлаб-12, Ремедика-19, Плодност-21, Генеа-8, Никоб Лаб-92, ВФВ Медикал-13, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 590.

Досега во земјата се направени вкупно 2.039.981 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.942, бројот на оздравени пациенти е 301.114, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 535.

Facebook Коментари