Лев банер Десен банер

Ехо на колкови за бебиња – нова здравствена услуга во Здравствениот дом Вевчани

Здравствениот дом Вевчани продолжува со унапредување на здравствените услуги, нудејќи подостапна и поквалитетна здравствена заштита за жителите на Вевчани, како и за пациентите од регионот што го опслужува преку своите амбуланти во Лабуништа и Велешта.

Како новитет, од 1 јуни 2025 година во установата е воведена услуга за ехо на колкови кај бебиња до една година, со претходно закажување на термин.

Оваа дијагностичка услуга нема да биде достапна само за најмладите пациенти од Вевчани, Лабуништа и Велешта, туку и за бебиња од Струга, Охрид, Кичево и поширокиот регион.

Од Здравствениот дом нагласуваат дека раната дијагностика е од исклучителна важност за правилен развој кај новороденчињата. Навременото откривање на евентуални неправилности во развојот на колковите овозможува навремено третирање и превенција од понатамошни компликации.

Со воведувањето на оваа услуга, Здравствениот дом Вевчани уште еднаш ја потврдува својата заложба за современа, достапна и квалитетна здравствена грижа за најмладите и за целата заедница.

StrugaOnline

error: