Научно е докажано дека навиките кои ги имаме пред спиење имаат големо влијание на тоа дали ќе имаме вишок килограми или прекрасно тело. Истражувањата покажуваат дека квалитетниот сон многу влијае на телесната тежина. Доколку сакате да бидете чекор поблиску до саканата телесна тежина ова се неколкуте вечерни ритуали кои би требало да ги практикувате пред спиење:
Обезбедете си половина час наменет за апсолутно опуштање пред спиење.
Јогата пред спиење е одличен начин за целосно опуштање на телото пред спиење. Длабокото дишење и јога движењата го смируваат телото, а тоа ќе ви помогне полесно да заспиете.
Избегнувајте алкохолни пијалаци пред спиење, тоа негативно влијае на спиењето.
Конзумирајте млечни производи, тоа ќе ви помогне да го избегнете чувството на глад во текот на ноќта.
Спијте во целосно затемнета соба, истражувачите потврдиле дека луѓето кои спијат со запалено светло имаат поголем проблем со тежината од луѓето кои спијат во сосема темна просторија
Спијте во соба со пониска температура, тоа помага во забрзување на метаболизмот односно побрзо согорување калории
Facebook Коментари