Оваа напредна медицинска опрема овозможува прецизна евалуација на функцијата на срцето при физички напор, што е клучно за рано откривање на кардиоваскуларни заболувања.

– Прецизна дијагностика – Овозможува детекција на коронарна артериска болест, аритмии и други срцеви нарушувања.
– Навремено откривање на ризици – Идентификува потенцијални срцеви проблеми пред појавата на симптоми.
– Безбедност и ефикасност – Апаратурата е опремена со најсовремени сензори и системи за контрола на пациентот за време на тестирањето.
– Подобрување на третманот – Добиените резултати помагаат во одредување на најсоодветниот третман и следење на ефикасноста на терапијата.
Проектот е имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР, додека е финансиран преку Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација / Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од 930.000,00 МКД.
StrugaOnline
Facebook Коментари