Кафето го продолжува животот

- Здравје
713

Со години се прават студии за тоа дали да се пие (многу) кафе или не, па некои покажале дека кафето е добро, други дека е лошо. Најново истражување заклучува: пијте кафе, па и по 5 шолји на ден.
2

Кафето го продолжува животот – тврди студија која опфатила над 250 илјади лица (дали пијат кафе, колку кафе пиеле низ годините, дали боледувале од нешто или не).

Се покажало дека ризикот за прерана смрт поврзана со срцеви болести, Паркинсонова болест, дијабетес, па дури и самоубиство е помал кај лицата кои пијат од три до пет шолји кафе дневно.

„Консумацијата на кафе може да биде дел од здрава, балансирана исхрана, но бремени жени и деца треба да внимаваат колку кофеин внесуваат“, посочил професорот Френк Ху од Харвард.

Facebook Коментари