Коријандер, најдобриот уништувач на лошите бактерии

- Здравје
2067

Зачините со своите убави и разновидни вкусови се дел од секоја кујна. Но тие имаат голема примена и во здравството. Секоја билка помага различно за здравјето на човекот. Денеска ќе ви напишаме за здравствените придобивки на коријандерот и жалфијата.

КОРИЈАНДЕРОТ ГИ УБИВА БАКТЕРИИТЕ
Маслото од коријандер може да убие неколку видови на бактерии во организмот. Лекарите тврдат дека мали количини коријандер може да им се даде на пациенти што се лекуваат од повторливи инфекции, вклучувајки и ешерихија коли. Маслото го тестирале против 12 бактериски видови и се потврдило дека кај секој од нив е намален порастот, а повеќето од бактериите биле убиени со раствород 1.6 отсто или помалку масло, кое ги уништува клеточните мембрани.

ПОБИСТАР УМ СО ЖАЛФИЈА
Оваа билка го поправа расположението, го изострува памтењето и ја подобрува концентрацијата. Британски психолози направиле тестови за меморија врз 24 возрасни личности, кои ги повторувале неколкупати во текот на три дена. Тие што земале додатоци од жалфија пред да го направат тестот, прашањата ги решавале бргу и се сетиле на многу информации.

Facebook Коментари