Младите користат солариум кој е причинител за карцином, само за да имаат убави селфи фотографии

- Здравје
1550

Социјалните мрежи како фејсцбук и инстаграм влијаат негативно на бројот на заболени од карцином на кожа – тврди експертот  Кристофер Роланд Пејн.

Британските медиуми пишуваат дека  младите кои се зависни од селфи ги игнорираат предупредувањата за долгорочната штета од одењето во солариуми.

„Можете да добиете темна боја на кожата за три или четири дена, но последиците доаѓаат многу подоцна. Тоа е краткорочна награда и моментално задоволство, но цената е долгорочна” – потенцирал  Пејн.

Тој смета дека сето тоа е поврзано со „селфи лудилото” на социјалните мрежи и дека луѓето поради тоа сакаат да имаат темна кожа.

„Според анкетата која ја направивме, голем број луѓе сметаат дека темниот тен е привлечен. Јавните здравствени кампањи не успеаја да ги променат навиките и доволно да укажат на опасноста од изложувањето на сонце како што тоа го направија за ракот на белите дробови и ги свртеа луѓето против цигарите” – вели Пејн.

Ракот на кожата е честа болест. Од еден облик на рак на кожа, меланом, во текот на 2015 година заболеле 3,1 милион луѓе, од кои 59.800 умреле, пренесува Кликс.

Највисока стапка на заболени има во Австралија и Нов Зеланд.

Facebook Коментари