Американката Мерлин Вос Савант е запишана во Гинисовата книга на рекорди како жена со највисок коефициент на интелигенција во светот. Таа веќе три децении пишува колумни во магазинот „Паради“
Нејзината последна колумна не се однесува на математички и логички проблематики со кои најчесто се занимава, овој пат нуди решение за проблемот кој мачи голем дел од популацијата, посебно жените – како да се одржи витка линија.
Заборавете на грицките
Мерлин смета дека грицки не треба да се купуваат. Кујната треба да биде снабдена само со намирници кои што се потребни за трите оброци кои се конзумираат во текот на денот.
Исфрлете ги меѓуоброците
Наместо овошје и зеленчук помеѓу оброците, Мерлин препорачува шолја чај. Сосема контрадикторно од сите други препораки таа смета дека не треба да се воздржувате од вечерата. Напротив, во неа треба да уживате. Храната има позитивни ефекти кога ја конзумирате кога сте глдни, а не кога е наложено дека треба да јадете.
Одвикнете се од калорични напитоци
Сокови и млеко Мерлин толерира само за време на појадокот, а сите напитоци таа ги пие без мраз. Мерлин вели дека мразот го уништува вкусот на напитокот и затоа луѓето претеруваат со многу сокови.
Никогаш не „чистете“ го тањирот
Прејадувањето е најлошиот начин на фрлање храна. – вели Мерлин. Колку и да е вашиот оброк вкусен, оставете дел за следното јадење.
Facebook Коментари