Нов современ анестезиолошки апарат во струшка нефрологија
ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга набави нов современ анестезиолошки апарат, кој е ставен во функција на Одделот за анестезија и реанимација при Уролошкото одделение. Со оваа инвестиција, установата продолжува со унапредување на медицинската опрема и подобрување на условите за лекување на пациентите.
Новиот апарат ќе овозможи современа анестезиолошка поддршка при оперативните интервенции, придонесувајќи за подобри услови за работа на медицинскиот персонал и за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствените услуги.
Од болницата посочуваат дека набавката претставува значаен чекор во процесот на модернизација на установата, особено во делот на подготовката и изведувањето на посложени оперативни зафати.
Придобивките од новата медицинска опрема се очекува да ги почувствуваат пациентите од Струга и поширокиот регион, преку подобрени услови за лекување и современа медицинска поддршка.
Инвестицијата е и дополнителен поттик за здравствените работници, кои секојдневно се грижат за пациентите и за обезбедување професионална здравствена услуга.
Од Специјализираната болница за нефрологија – Струга нагласуваат дека остануваат посветени на континуирано вложување во современа медицинска опрема, подобрување на условите за работа и унапредување на здравствената заштита.
Со новата набавка, болницата продолжува да вложува во модернизацијата на своите капацитети, со цел обезбедување поквалитетни и посигурни здравствени услуги за граѓаните.
StrugaOnline

