Откажете се од мрсните пецива за појадок – предлог палачинки од житарици

- Здравје
1135

Секоја ноќ си ветувате дека следното утро ќе се разбудите порано и ќе подготвите здрав појадок, но никогаш не го правите тоа? Вистинско време е да ја промените лошата навика, односно наместо наутро да посегнете по мрсни пецива ви предлагаме здрав појадок кој можете да го подготвите брзо и да појадувате на првата пауза на вашето работно место.Секое утро од дома спакувајте едно јаболко и еден портокал, а доколку сепак морате да ја посетите најблиската пекарница  тогаш изберете интегрални кифли. Разбудете се половина час порано и направете салата од зеленчук која ќе ве разбуди и освежи.

Исто така, добра опција е да подготвите палачинки од житарици и истите во кутија да ги спакувате и да ги понесете на работа. Палачинките можете да ги направите на следниов начин:

Житариците треба да се сомелат во апарат за мелење кафе, додајте малку млеко и јајца па потоа испржете ја целата смеса заедно.

Ваквите палачинки се хранливи и треба да се конзумираат без намази, но доколку не можете да одолеете определете се за немасно сирење во комбинација со свежо овошје.

Facebook Коментари