Доколку имате здрави и корисни утрински навики, убаво ќе се чувствувате и во текот на денот, но доколку утрото го започнете на неквалитетен начин, тогаш сосема е извесно дека нема да се чувствувате добро во текот на денот. Еве неколку лоши утрински навики кои треба веднаш да ги промените:
Одложување на алармот
Иако ви значи секоја секунда сон, стручните лица тврдат дека одложувањето на алармот е лоша идеја бидејќи е можно да потонете во повеќе-часовен сон и да ги прескокнете сите обврски кои ги имате тој ден. Потоа, кога ќе се разбудите ќе бидете мрзоволни и уште поуморни.
Го прескокнувате растегнувањето
Би требало да се разбудите со првиот звук на алармот и неколку минути убаво да го растегнувате телото. На тој начин не само што ќе се расоните туку и ќе се наполните со самодоверба. – објаснила Ејми Кади – психолог од Харвард. Таа тврди дека луѓето кои се будат со рацете раширени во облик на буквата V се многу среќни. Научно е докажано дека растегнувањето ја зголемува флексибилноста, ја подобрува циркулацијата и ослободува од напнатост.
Веднаш пиете кафе
Стручните лица препорачуваат првото утринско кафе да се пие после 10 часот, бидејќи веднаш по будењето нашиот организам произведува најголема количина кортизол – хормон кој ни дава доволно енергија, а кафето во тој случај е причинител на стрес.
И не заборавајте, доколку го прескокнете појадокот денот не може да ви биде убав и продуктивен.
Facebook Коментари