Ова е листата на намирници кои го зголемуваат чувството на глад – причина за зголемување на телесна тежина

- Здравје
1106

Наместо да не заситат, следниве намирници прават постојано да чувствувам глад и постојано да имаме желба за храна, на тој начин се создаваат проблеми со прекумерна тежина. Ова е листата намирници со таков ефект:

Бел леб

Белиот леб го зголемува нивото на инсулин во телото, а една шпанска студија која ги  истражувала прехрамбените навики и телесната тежина на 9000 луѓе, востановила дека луѓето кои јаделе две или повеќе од две порции бел леб на ден имале дури 40% повеќе можност за зголемување на телесната тежина.

Сокови

Соковите кои ги купуваме го содржат целиот шеќер од овошјето кое го купуваме, но не ги содржат потребните влакна и хранливите состојки од „кожата“ на овошјето. Затоа, соковите набрзина го подигнуваат нивото на шеќер во организмот, а потоа со истата брзина го намалуваат и така почнуваме да чувствуваме глад. Најдобра замена за соковите, е смути подготвено од свежо овошје

Алкохол

После три испиени алкохолни пијалоци количината на лептин (хормон кој го намалува чувството на глад и создава чувство на ситост) ја намалува својата функција за 30%, ова е факт кој е докажан во бројни спроведени студии. Алкохолот исто така ги исцрпува залихите од јагленихидрати во организмот, затоа потоа се појавува потреба од обилна храна и надохнадување на сите изгубени јаглехидрати.

Бели тестенини

Тестенините прават сличен проблем како и белиот леб, само што овде ситуацијата е поспецифична, затоа што луѓето јадат повеќе тестенини отколку леб. Порцијата тестенини, не треба да биде поголема од велечината на дланката, а кога во организмот внесувате поголема количина едноставни јаглехидрати, тогаш има негативни последици во борбата со големо ниво на шеќер во крвта, сето ова на крај повторно резултира со чувство на глад

 

Facebook Коментари