Доколку циметот го вклучите во својата исхрана, значително ќе ви помогне во контролата на наглите подеми и падови на нивото на шеќер во крвта.
Само половина лажичка цимет на ден може значително да го намали нивото на шеќер во крвта, триглицеридите и лошиот холестерол кај лица заболени од дијабетеc тип 2.
Циметот исто така ја намалува вкочанетоста во мускулите и зглобовите, ги сузбива воспаленијата, го подобрува здравјето на дигестивниот систем, го стимулира мозокот, циркулацијата на крвта и го блокира производството на протеини во мозокот кои доведуваат до појава на Алцхајмерова болест.
Се препорачува половина или цела лажичка цимет на ден, која можете да ја конзумирате со кафе или чај.
Facebook Коментари