Откажувањето од цигарите е голем предизвик, прекинувањето на внесување никотин во организмот само по себе предизвикува шок, исто како и се друго на што сте се навикнале, а треба да го прекинете. За откажувањето на цигарите да не биде толку тежок процес, и секако да не ја зголемите значително телесната тежина конзумирајте ги овие намирници:
Лимонада:
Иако водата е најдобар избор, лимонадата е одличен избор доколку ги откажувате цигарите. Лимонадата е полна со киселини, после кои ќе изгубите желба за цигара.
Портокали:
Портокалите содржат многу витамин Ц кој инаку се уништува поради пушењето, затоа со конзумирање на портокали ќе го забрзате метаболизмот и ќе го подобрите здравјето.
Зеленчук во стапчиња:
За секој пушач е голем проблем навиката секогаш во раката да има цигара, за да не ја чувствувата празнината грицкајте зеленчук. Моркови, целер, бадеми, лешници, на овој начин ќе грицкате нешто здраво, никако тоа нека не биде чипс. Поентата не е да ги оставите цигарите но да создадете проблем со вишок килограми.
Гуми за џвакање
Најдобри се гумите за џвакање без шеќер и се одлична замена за цигарите.
Facebook Коментари