Прегратката е лек , еве зошто!
Честото искажување емоции преку прегратка може да го намали ризикот од болести на срцето, да го ублажи погубното чувство на стрес , прегрнувањето може да не ослободи од умор, го подобрува имунитетот и ги ублажува симптомите на депресија.

Според психолозите, само десет секунди топла прегратка во нашиот мозок предизвикува феноменална реакција.
Кога се прегрнуваме се лачи хормон окситоцин кој го намалува стресот во мозокот. При тоа се намалува крвниот притисок, се победува заморот и се намалува можноста за инфекции во организмот.
Нашата кожа е составена од нервни завршетоци кои чувствуваат колкава е моќта на прегратката. Тие нервни завршетоци испраќаат сигнали до мозокот и срцето.
-Позитивното емоционално искуство кое се стекнува преку прегрнувањето ги зајакнува позитивните биохемиски и физиолошки реакции – тврди доктор Џон Асторм, автор на студијата објавена во магазинот Comprehensive Psychology.
Ваквата физичка реакција подразбира подобрување на друштвените вештини и ја зголемува довербата.

