Следуваат тропски горештини во Македонија – следете ги препораките за заштита на здравјето

- Здравје
1301

Oд Управата за Хидрометеролошки работи најавуваат дека во четврток температурите ќе го достигнат 40-от степен,а од петок ќе имаме многу високи температури кои на места ќе го достигнат и 42-от степен. Од голема важност за здравјето на луѓето е соодветната заштита од топлото време. Во групата препораки спаѓаат: да не се излегува без потреба на сонце во периодот од 10 до 17 часот, да се конзумира лесна храна и да се носи лесна облека со светла боја. Задолжително да се носат капа и очила за сонце. Препорачливо е од течности да се пие најмногу вода и да се избегнуваат алкохолни пијалаци.

Посебно треба да внимаваат повозрасните и лицата кои страдаат од хронични болести.

Facebook Коментари