Според новата промената за задолжителна имунизација на населението, децата ќе примаат една вакцина помалку

Децата од предучилишна возраст ќе примаат една вакцина помалку.
Во календарот за имунизација на населението во 2017 година исфрлена е една ревакцина ДТП (дифтерија, тетанус, пертусис) која децата досега ја примаа на 4 години.
Со промената во календарот, децата кои се вакцинираат по стариот систем (со едновалентни и тровалентни вакцини) и кои ревакцината ДТП досега ја примаа со наполнети 4 години, сега истата ќе ја примаат само на 7 години.
Промените се поради најновите препораки на Светската здравствена организација според кои ревакцината ДТП се препорачува да се прима на поголема возраст и дека ревакцинирање со наполнети 4 години е рано. Промената е внесена во програмата за задолжителна имунизација на населението за 2017 година.

