Работатата, обврските и семејните проблеми се најчестите извори на стрес за кои сме свесни, но внимание треба да се посвети и на скриените извори кои имаат големо влијани врз човековиот живот.
Не внимавате на исхраната
Често забораваме дека психичкиот стрес често произлегува од физички стрес, а него го предизвикуваме сами со лоша грижа за здравјето и за сопственото тело. Една од најважните компоненти за добро здравје е правилната исхрана. Тоа значи дека мора да се јаде разновидна исхрана и не треба да се прескокнуваат оброци.
Премногу сте самокритични
Живееме во компетитивно друштво кое понекогаш предизвикува да си наметнеме нереални очекувања од самите себе. Кога нешто не можеме да постигнеме стануваме најголем непријател и критичар на самите себе. Мислиме дека не сме доволно добри, и тоа за цели кои не се наши туку ни ги наметнува општеството. Редовно потсетувајте се на сопствените квалитети и не си нанесувајте притисок кој не можете да го издржите. Животот креирајте го според сопствените цели и желби, а не според туѓите
Немате сила и храброст да ги отстраните негативните луѓе од вашиот живот
Доколку имате пријатели кои често ве критикуваат, не се радуваат на вашата среќа и постојано сакаат да покажат дека се подобри од вас, значи имате „токсични“ пријатели кои само ви штетат и ви ја земаат енергијата која природно ја поседувате. Време е да ги отстраните од вашиот живот. На светот има многу позитивни и добронамерни личности, само треба да ги пронајдете. Понекогаш е подобро да бидете сами, отколку во токсично друштво
Facebook Коментари