Утрински навики за убав ден

- Здравје
1904

Денот по утрото се познава, затоа создадете свои утрински ритуали кои ќе ви помогнат денот да го започнете со позитивна енергија. Првите емоции после будењото се од клучно значење за тоа во какво расположение ќе го поминете остатокот од денот. Еве неколку препораки за квалитетно утро.

Најпрво појадувајте, а потоа уживајте во кафето

Медицинските лица постојано укажуваат дека појадокот е најважен оброк кој треба да ви ја даде потребната енергија за да ги издржите сите работни предизвици кои чекаат на вас во текот на работното време. Иако многумина имаат навика најпрво да пијат кафе, тоа баш и не е многу позитивна навика. Кафето на празен желудник може да ви предизвика нервоза, анксиозност и раздразливост.

Отворете ги прозорците и почувствајте убавина од воздух и сонце

Доколку не сте доволно наспани, спуштањето на завесите нема да ви помогне ниту во расонувањето ниту во подобрување на расположението. бидете благодарни на новото утро кое ви носи нови можности. Чинот на будење секое утро е посебен благослов. Зраците од сонцето во овој период од годината посебно предизвикуваат оптимизам кој секако ви е потребен.

Денот започнете го со прегратка

Прегрнете некој од членовите на вашето семејство. Без разлика дали е тоа вашето дете, вашиот партнер или вашите родители. Научно е докажано дека прегратката е лековите.

Заборавете на проверување маил рано наутро

Доколку од рано утро го проверите вашиот маил или пак проверувате настани на социјалните мрежи веќе сте создале непотребен стрес. Утрото пред тргнување на работа треба да биде ваш извор на енергија, свое катче, конфорна зона која ве подготвува да се справите со сите предизвици кои ве чекаат кога ќе излезете од дома.

Facebook Коментари