Во ЈЗУ Св. Еразмо успешно опериран 22 годишен пациент

- Здравје, Локални
956
Пациент на 22 годишна возраст со дијагноза на акутна лимфоцитна леукемија и претходно подложен на алогена трансплантација на хематопоетски матични клетки пред една година, развил аваскуларна некроза на колковите, која се манифестира со силни болки и ограничено движење.
-Истиот успешно е опериран од страна на ортопедскиот тим во состав од: прим. д-р Томислав Петровски, д-р Атанас Поп-Стефанија, д-р Михаил Чачор, и анестезиолог д-р. Александар Веслиевски. За време на операцијата, вградена е тотална ендопротеза на десниот колк со керамички компоненти. Пациентот се чувствува одлично и веќе е самостојно вертикализиран, информираат од болницата.
StrugaOnline

Facebook Коментари