Повеќето од луѓето немаат дилема за тоа кога треба да го испијат првото кафе во денот, но стручните лица препорачуваат дека е подобро да се променат навиките.
Варењето кафе најчесто е првата работа која ја правиме штом се разбудиме, бидејќи едноставно не можеме почетокот на денот да си го замислиме без напитокот кој ни помага да се разбудиме.
Но, стручните лица сметаат дека тоа не е најдобро време за конзумирање на првото кафе. И покрај тоа што кафето веднаш после будење дефинитивно ќе ни помогне да се расониме, тоа чувство брзо исчезнува.
„Затоа, дефинитивно не би требало да пиете кафе веднаш после будењето“- вели нутриционистката Laura Ćipulo, која воедно е и автор на книгата „Women’s Healthy Body Clock Diet”.
„Кафето ќе биде најделотворно ако го испиете три до четири часа после будењето. Во тој период во нашето тело нема многу кортизол, хормон на стрес кој што најчесто помага да се расониме, токму затоа, тогаш ни е потребен надворешен стимуланс.“-пишува CNBC
Facebook Коментари