За витка линија исфрлете го лебот од исхраната а не мастите

- Здравје
566

Направени се испитувањата на 69.000 избраници во факултетот за јавно здравје при Харвард,кои биле на некаков вид на режим на исхрана,со регулирање на внесувањето на калории од различни продукти со цел да ослабат.
Во годините наназад некаде од шеесетите навака народот веруваше во тоа дека главни виновници за дебелеењето на луѓето се мастите,со тој пристап народот влезе во погрешна насока кога станува збор за слабеење.

post42534_third
Во тоа време се веруваше дека за да се намали телесната тежина треба да се воведе диета во која драстично ќе бидат намалени мастите а така целосно забораваме на јаглехидратите.
Да се вратиме на истражувањата на кои испитаниците биле поделени во групи кои практикувале нискомаслена односно ниско-јаглехидратна диета.После цела година се покажало дека и двете групи имале намалување на килограмите но оние кои го намалиле внесот на јаглехидрати, како леб, тестенини и слатки во просек имале за 1,2 килограми помалку.
Сето ова се сведува на тоа дека рестрикцијата на калории во најголема мера придонесува до намалување на телесната тежината а ниско-маслената диета не е толку ефикасна како ниско-јаглехидратната.
Но дел од испитаниците изјавиле дека побрзо ќе се откажат од лебот и слатките отколку од мастите и масната храна,за вас незнам.
Но не заборавајте дека за одржување витка линија или која било диета потребно е да ги прифатиме здравите навики како и секојдневниот живот,а за тоа е потребна голема истрајност и упорност.

Facebook Коментари