Лев банер Десен банер

Вардар одигра нерешено на гости кај ПИК Сегед во ЛШ

После осум победи по ред, екипата на Вардар одигра нерешено во Лигата на шампиони на гости кај ПИК Сегед.  Ова е добар резултат, ако се земе во предвид дека Унгарците беа во водство речиси цело време. Прв пат, Вардар успеа да поведе во 12-та минута со 5:4. Потоа следуваше период  кога Унгарците беа во предност, Вардар потоа успеа да израмни. Домаќините водеа со два гола во 16та минута, потоа следуваше период кога се играше гол за гол и Врдар успеа да намaлии на гол негатива. На одмор домаќините заминаа со предност 14:13

Почетокот на вториот дел донесе израмнување, во 37-та минута  ПИК Сегед се избори за разлика од три голови, кога попушти нападот на Вардарци. Серијата им ја прекина Борозан кој за Вардар постигна два гола по ред. Во 47-та минута имаше израмнување 20:20, но домаќините брзо успеаа да дојдат до плус 2.

Драмата дојде на минута до крајот кога Македа ја реализираше контрата која дојде после брзоплетоста на домашните. Тоа беше гол за 26:26, а ПИК Сегед тргна во последен напад. На 20 секунди до крајот после тајм-аут домашните ја загубија топката, а Тимур Дибиров беше во контра и биеше преку гол. Ја имаше меч топката в рака, но не ја реализираше, па ПИК Сегед доби уште 15 секунди за уште една акција. Немаше гол, па останаа нерешените 26:26.

Извор и фото:24rakomet

error: