50 СТРУШКИ ПЕНЗИОНЕРИ НА БАЊСКО – КЛИМАТСКА РЕКРЕАЦИЈА ВО ДЕБАР

- Локални
1421

Последната група струшки пензионери кои покажаа голем интерес за остварување на проектот бањско-климатска рекреација, оваа услуга ја искористија главно  во во Дебарските – Косоврашките Бањи „Цапа“. Дека интересот беше поголем од можностите говори податокот дека оваа 2017 година до филијалата на ПИОМ во Струга беа поднесени повеќе од 200 барања за користење на ваква рекреација. Годинава од почетокот на сезоната (март-ноеври) ова право го искористија 50  пензионери.

Струшките пензионери Дафина,Радмила,Борка,Зорица и други си заминаа презадоволни од престојот во Косоврашките бањи,кои нудат високо квалитетни услуги рамни на хотелски,се нуди разновидна  и квалитетна храна,а уште подобар прием имаа од страна на здравствениот персонал кој ги почитува третманите препорачани од матичните лекари што треба да се извршуваат согласно лекарските наоди и препораки.

Додека пак машките струшки пензионери Анѓелко Будиноски, Виктор Дишлиоски, Стојан, Нуредин, Љупчо, Климе и други нивниот престој во Дебарските-Косоврашките Бањи го оценија  како повеќе од задоволство бидејќи многу им помогна во подобрувањето на здравјето и продолжувањето на животот.

Пред да заминат од бањите  „Цапа“од Дебар, пензионерите истакнаа  дека доколку е можно, повторно би ги користеле ваквите услуги, бидејќи бањското лекување на секој пензионер му е потребно од разни причини.

Секој пензионер би посакал повторно да  користи ваков вид рекреација, која е неопходна, особено во трето доба на живот ,кога здравјето е малку нарушено.

Убавот време  ги послужи двете групи кои престојуваа  од 19 до 29 и од 29 до 5 октомври.  Тие самостојно се организираа и ги посетија двата манастира во овој крај – Св.Јован Бигорски и  живописниот мансатир во селото Рајцица .

Во најпознатиот манастир во Македонија,  Св.Јован Бигорски, го разгледаа прочуениот иконостас и иконата на СВ.Јован Крстител за која се верува деека има чудотворна моќ. По својата привлечност исто така, познат е и женcкиот манастир  Св.Ѓеорги Победоносец, духовно светилиште во село Рајчица –Дебарско. Сестрите од манастирот со задоволство ги прошетаа љубопитните струшки пензионери низ манастирските конаци, им ја покажаа зогравската работилница и  им ја открија мајсторијата за изработка на  мирти.

Пензионерите од Струга беа изненадени и презадоволни од посетата на ИО на Здружението на пензионери од Струга, предводени од претседателот Милорад Трпоски, потпретседателот Аслани Зија и Секретарот Идриз Мустафаи, кои ги посетија пензионерите во Дебарските бањи и се запознаа со условите каде што  беа сместени.

Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари